1. Желатинот спремете го спрема упатството на паковањето.
2.Во млекото нарендајте кора од лимон или портокал и бурбон ванилата. Кога ќе почне да врие ставете го оризот и варете го на тивко се додека оризот го впие млекото. На крајот додадете го шеќерот и тргнете го од ринглата. Кога малку ќе олади додајте го желатинот и румот. Разбркајте и оставете да се добро олади.
3. Слатката павлака измиксајте ја и во оладениот ориз додадете, измешајте.
4. Модлата во која ке го исипите оладениот ориз поставете ја со прозирна - стреч фолија и истурете го оризот. Оставете да се олади најмалку 2-3 часа, да се стегни. Потоа извадете је обрнувајки ја модлата на соодвете сад, одстранете ја фолијата.

ПРЕЛИВ
На пареа стопете го чоколадото со останатите состојки. Нека малку олади и прелијте го десертот.
Служете со овошје.
Бидејки ова што го гледата на сликите е спремано за дечиња....јас румот го изоставив и во оризот и во преливот, а немавме стрпление да го чекаме толку време, небеше стегнат кога го извадив и тоа со мака. Инаку ако го испочитувате рецептот до крај, рамни и мазни се страните на десертот.
Овој десерт е извонреден, одлична замена дури и за сладоледот. Топло ви го препорачувам.
Бидејки на страната каде што ја посетувам се бираат и Cool chef имам навика да го испочитувам шефот и спремам нешто од него предложен рецепт. Па драги мои, овој рецелт е на СС nelyca

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови