
27
авг
2021
Ладен десерт со вишни и бисквити
Подготовка:
1. Во сад се ставаат жолчките, ванилата, и шекерот. Се мати со миксер до убава кремаста смеса. Сето ова се мати над пареа побрзо да се згуснат жолчките.
2. Хоплата се мати цврсто и се додава во садот со жолчките. Се меша полека, со силиконска лажица. Колачите се кршат малку погрубо и се додаваат во смесата. Се меша полека.
3. Се истура половина од смесата во калапот (пластичен сад)и се става во замрзнувач 15 мин. Се вади и се додаваат вишните. Се истура останатата смеса во калапот и се става сладоледот во замрзнувач преку нок.
Лиценца: Сите права се задржани