Рецепт за убава зимска салата предобра за отварање апетит.
Подготовка.
1. На почеток попарете ги со врела вода доматите. Нека постојат додека водата се подизлади и излупете ги.
2. Во поголема шерпа излупените домати ги сецкаме и на тивок огин ги оставаме да се варат околу триесет минути, додадете им малку сол пред варење.
3. Во подлабока тава или тенџере на малку зејтин кратко се пропржуваат претходно измиените и исчистени пиперки од семето и се додаваат во патлиџаните.
4. Целата смеса се соединува заедно се додава шеќерот, оцетот и се вари уште петнаесетина минути.
5. На крај се додава магданосот и лукот врело се собира во тегли.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани