Кулич-Руски велигденски благ леб со суво грозје
Ова е смеса за три благи леба.
1. Тестото просеете го во сад и додајте сол, шекер и сув квасец.
2. Изматете ги јајцата, растопете го путер и стоплете го млекото.
3. Во брашното додајте ги јајцата, сокот од портокал, путерот и млекото, па замесете тесто. Во тестото додајте го сувото грозје и ренданата кора од портокал. Оставете го тестото на еден саат да стаса.
4. Стасаното тесто поделете го на три дела. Ставете го во калапи 12 см. или во потесни мали тенџериња. Оставете ги на топло место да стасаат.
5. Печете во загреана рерна на температура од 200 степени, 10 минути, а потоа намалете на 180 степени и печете уште 35 минути.
Готовите колачи прелијте ги со бело чоколадо и посипете ги со шарени украсни трошки.
Лиценца: Сите права се задржани
Ми беше и мене во план, ама време немав