Мини кулич крафини со вкус на лимон
Празнични, миризливи, меки, вкусни. Ете такви се овие мини кулич крафини Пробајте ги
И не мора да е празник, за да се подготвуваат Израдувајте ги вашите најмили со ова декоративна вкусотија.
Подготовка:
1. Во топлото млеко ставаме лажиче брашно, квасец и шеќерот. Промешуваме и оставаме да се активира..
2. Потоа во вангличка се ставаат активирани квасец, сол, лимон шеќер, кора од лимон, масло, јајцето, (јас оделив мн малку, за премачкување одозгора, со плус лажиче млеко), шеќерот и промешуваме со вилушка. Постепено го додаваме брашното и замесуваме мазно, по малку и лепливо тесто. Го покриваме и оставаме на топло околу 1 час да се дуплира.
3. Потоа го делиме на 10 топчиња. Секое топче го расукуваме во танко кориче. Со четка го премачкуваме со путерот, кој ни е на собна температура. Сега полека виткаме и при тоа го растегнуваме тестото со рацете. Завиткуваме и со остар нож го делиме на половина ролатчето.
4. Првиот дел го виткаме како полжавче, а при тоа сечената страна да ни биде од надворешната страна.
Го завиткуваме и др парче и го поставуваме врз првото. Внимателно ги ставаме во хартиени, цврсти корпи за печење. Оставаме на топло околу 30,40 минути. Танко ги премачкуваме со јајцето, кое го тргнавме на страна.
5. Печиме околу 40 минути Зависи секако од рерната и какви кошнички користите. Ги оставаме малку да се изладат. Јас за празничен изглед, половина од површината ја потопував во подготвен ганаш и декорирав со мелени лешници. Сервираме и уживаме во вкусот на лимонот.
До колку не сакате лимон заменете со кора и шеќер од портокал.
Лиценца: Сите права се задржани
П.С. Четвртата слика ми е фаворит за насловна :)
I jas razmisluvav za taa slika
Site mi bea ubavi
I jas taka gi sakam