Имате ли сочувано лименки???
Можеби ќе ви затребаат, сокријте некоја лименка во оставата.
Италијаните го имаат своето Панеттоне, а Русите го имаат својот Кулич- кој обавезно го имаат на Божикната трпеза. Јас сега ви го представувам едн од поголемиот број на рецепти. Вака го спрема комшивката која е русинка, па проследете го. Описот е малку повеќе за читање, верувам дека нема да ви е тешко ако сакате да го имате и вие на трпезата,
Подготовка
1. Сувото горзје потопете го во рум (може и од вечер)
2. Од млекото одвојте 100 мл. загрејте го и растворете го во млакото млеко кавсецот, оставете да ферментира - да се запени.
3. Во друг сад од вкупната количина на брашно премерете 125 гр,.додајте го во останатото млеко и бркајте да стане како каша. Во оваа смеса додајте го запенетиот квасец. Оставете 30 мин, повторно да стасува.
4. Издвојте ги белките од жолчките.
5. Со миксер се работат жолчките додавајки им постепено шеќерот. Откако сте добиле пенеста смеса, додајте ја ванилата - измешајте. Додадете го румот во кој стоело сувото грозје. Измешајте.
6. Се работат со миксер белките со прстовет сол се додека добиете снег од истите.
7. Сега вратете се кај смесата која ја оставивме да стасува. Овде додајте ги жолчките, измешајте со лажица. Откако се споила смесата, додајте ги уработените белки. Повторно измешајте со лажица.
8. Почнете да додавате од останатата количина на брашно и цело време бркајте со лажица. Оставете мала количина од брашното кое ќе ви треба за домесување.
9. Преместете го тестото на работна површина која сте ја посипале со брашно и продолжете да месите се додека не го потрошите целото брашно.
10. Ве чека уште работа. Сега почнувате да го месите тестото така што на дланките ќе си ставате од омекнатиот маргарин и ќе месите се додека не го потрошите маргаринот. Значи, ќе ги намачкате дланките со мекиот маргарин, ќе месите, тестото ќе почне да ви се лепи по рацете (тоа е многу меко тесто), пак намачкајте ги обилно со маргарин, месете, набрзина ќе го потрошите, не е страшно. Значи сфативте дека треба да се меси што повеќе време.
11. Оставете го сега вака измесеното тесто да стаса околу 30 мин.
12. На работната маса посипете го исецканото суво овошје и бадемите
13. Сувото грозје со сосема малку брашно измешајте го.
14. Врз посипот од сувото овошје истурете го тестото, врз тестото ставете го сувото грозје, месете колку да се измеша овоштието.
15. Поделете го и ставете во модлите во кои сте испланирале да се пече. Оставете да стаса и печете на 180 степени најмалку 45 мин. до 60 мин. , а еве зошто:
Како што ќе забележите на фотографиите,  јас печев во лименки, времето на печење е пократко, а и во куглов, времето на печење е подолго.
Тестото се става до 1/3 од садот. Кога стасува тоа треба да биде со троен волумен.
Ако одлучите во лименките, па и во друга модла ставете хартија за печње, освен ако е тоа силиконски калап- во силиконските модли нема потреба од хартија за печење.

ЗАБЕЛЕШКА
Вака испечениот Кулич потоа си има и свој завршен дел. Тие го полеваат со крем спреман од 1 белка и шеќер во прав кој се клапа до густина која може да се полее врз куличот, додатно се попрскува со шарени мрвици.
Јас тоа не го сторив, па веднаш се и јадеше, немаше зошто да го правам тоа.
Значи, покрај тоа што печам во тегли, печам и во лименки. На мене ми се многу прикладни вака спреманите куглови или куличи- панеттонето, лесни да се запакуваат и да се подарат токму за празнициве кои наближуваат. Го пишувам рецептот порано, можеби на некој ќе му се допадне мојата идеја да спреми токму ваков подарок!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани