Јајцата пенасто изматете ги со солта, како за пандишпан.
Додајте го јогуртот и маслото миксајте додека се соедини, додајте го брашното и пецивото, измашајте со лажица да нема грутчиња.
Додајте го претходно испрженото месо со кромид...
Измашајте додека се соедини.
На намрсен и набрашнет калап за куглоф сипете ја смесата.
Ставете да се пече на 200 степени додека порумени.
Оставете го да се излади.
Изладено превртете го на чинија и и сечете парчиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови