Корите како што се заролани ги сечиме на 1 прст дебелина. Ги растресуваме убаво да се потсушат додека го спремаме останатиот дел.

Во длабок сад за месење се разматуваат јајцата. Им се додава пецивото, маслото и водата. Се убаво се соединува и се додаваат и останатите работи со мешање.

Ако користите изварка и не е доволно солена додадете малку сол, а ако користите сирење издробете го претходно. Секако, можи и да ги комбинирате. Јас овој пат се решив само со изварка.

Исечканите кори се истураат во садот за месење и се меша да се соедини.

Во намастен и набрашнет калап за куглоф се истура смесата и се печи 40на минути на 170С.

Послужете со чаша јогурт или кисело млеко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани