
Куглов со капини
Најпрво да напоменам дека чашата со која мерев е 250мл односно оние шолјите за чај што ги користиме.
Во сад за матење ги ставаме јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер и матиме, откако убаво ќе ги изматиме ги додаваме сите други суви и течни состојки.
Најпосле откако е готова смесата ја ставаме во намрсен калап за куглов, ги додаваме капинките и го печеме во загреана рерна на 220 степени околу 30на минути.
Откако ќе се испече и малку подолади го наросуваме кугловиот со шеќер во прав
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови