Убав начин на подготовка на пилешко, со одличен вкус и мирис.
Прво пилешкото филе се сече на тенки шницли.
Се посолува и зачинува со бибер.
Филето се става во широк сад, се става јогуртот и секое парче убаво се мачка со јогут. Се покрива со стреч фолија и се остава да се маринира најмалку два часа во фрижидер или преку ноќ.
Лебните трошки се мешаат со пармезанот, секое парче месо убаво се мака и се става во плех обложен со хартија за печење.
Месото се полева со маслиново масло и се пече во загреана рерна на 200 степени околу 25 минути.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови