Испечати

Крцкаво пилешко од рерна

Крцкаво пилешко од рерна

Состојки

  • 500 гр пилешко филе
  • 150 мл јогурт
  • сол и бибер
  • 50 гр пармезан
  • 100 гр лебни трошки
  • маслиново масло

Подготовка

Убав начин на подготовка на пилешко,со одличен вкус и мирис.
Прво пилешкото филе се сече на тенки шницли.
Се посолува и зачинува со бибер.
Филето се става во широк сад,се става јогуртот и секое парче убаво се мачка со јогут.Се покрива со стреч фолија и се остава да се маринира најмалку два часа во фрижидер(или преку ноќ)
Лебните трошки се мешаат со пармезанот и секое парче месо убаво се мака и се става во плех обложен со хартија за печење.
Местото се полева со маслиново масло и се пече во загрена рерна на 200 степени околу 25 минути.
Добар апетит!