Децата полудеа по ова пилешко, а богами и ние со нив. Рецептот е многу успешен, пилешкото е превкусно, крцкаво од надвор, а внатрешно се топи в уста. Немам други фотки зашто работев со 1 рака со помош на децата, но топло ви препорачувам да го пробате.

Подготовка:
1. Прво изматете го јајцето, додадете газирана вода, и постепено додавајте брашно. Tреба да добиете густина на тесто за палачинки.
2. Исечканиот стек посолете го со вегета и намачкајте го во смесата од вода и брашно. Секое парче потоа испрпелкајте го во брашното, со издробениот корнфлекс и зачините.
3. Ставете ги парчињата стек да се пржат во многу масло, загреано на максимална температура. Ако имате фритеза, уште подобро. Вадете ги готовите парчиња на хартија. Послужете ги топли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови