Испечати

Крцкаво пилешко

Крцкаво пилешко

Состојки

  • 1 поголемо парче пилешки стек
  • 1 лажица вегета
  • Течна смеса
  • 1 чаша газирана вода
  • 1 јајце
  • 4-5 лажици брашно
  • За прпелкање
  • 2 лажици брашно
  • 2 лажици издробен корнфлејкс
  • зачини по малку сол, црн бибер, црвена пипер, оригано, куркума

Подготовка

Децата полудеа по ова пилешко, а богами и ние со нив. Рецептот е многу успешен, пилешкото е превкусно, крцкаво од надвор, а внатрешно се топи в уста. Немам други фотки зашто работев со 1 рака со помош на децата, но топло ви препорачувам да го пробате.

Подготовка:
1. Прво изматете го јајцето, додадете газирана вода, и постепено додавајте брашно. Tреба да добиете густина на тесто за палачинки.
2. Исечканиот стек посолете го со вегета и намачкајте го во смесата од вода и брашно. Секое парче потоа испрпелкајте го во брашното, со издробениот корнфлекс и зачините.
3. Ставете ги парчињата стек да се пржат во многу масло, загреано на максимална температура. Ако имате фритеза, уште подобро. Вадете ги готовите парчиња на хартија. Послужете ги топли.