Слатки крцкави раженчиња
За подготовка на оваа слатка закуска потребно ни е бананите да бидат потврди.
На пареа ги топиме чоколадите, белата во еден, а темната во друг сад.
Во крпа ги свиткуваме бадемите и ги толчиме додека не се иситнат.
Во мелница ги мелиме на покрупно лешниците.
Потоа ги лупиме бананите и ги сецкаме на кругови.
Одиме со подготовка на првата банана.
Секое кругче го потопуваме во белата растопена чоколада и потоа ја валкаме во мелените лешници.
Така ја подготвуваме цела банана.
Постапката ја повторуваме и со втората банана, само што овој пат круговите од втората банана ги премачкуваме во темната чоколада, па во толчените бадеми.
Третата банана ја сецкаме на кругови, па секое кругче го потопуваме во чоколада во прав од едната половина, а другата половина ја потопуваме во кокосово брашно.
Така подготвени трите банани се спремни за нижење на раженчето.
На дрвено стапче ги редиме претходно подготвените тркалца.
Редиме едно парче банана свалкано во бадеми, па едно парче банана свалкано во кокос, па едно парче банана свалкано во лешник и се така ја повторуваме истата постапка додека не ги потросиме круговите од банана.
Редиме во чинија и оставаме малку да се изладат.
На здравје со прекрасниот вкус на овие раженчиња.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Interesno i zdravo