Од дадените состојки направете каша за палчинките и оставете ја да одстои околу 0,5 час . Ако сакате можете да доадете малку шеќер.
Јаболката излупете ги од лушпата, насечете ги на кругови и извадете ги средината со семките./тука има една мала ЦАКА како јаболкото да не потемни-оксидира, се премачкува со лимонов сок и тоа ќе си ја задржи својата боја, нема да потемни. Ова може да го искористите и за други насечени овошја кои ќе ги користите за овошните торти/.
Во длабок сад загрејте го маслото .
Во тестото за палачинки потопувајте ги круговите на јаболка и пропуштајте ги во врелото масло. Пржете ги се додека не добијат златно кафеавкаста боја од двете страни на јабокото.
Извадете ги на хартиена савета за да се впие високот на маснотија
Можете да ги посипете со ванилин шеќер по желба.
Ставете ги во плитка десертна чинија и прелијте ги со чиколадниот прелив притоа нашарајте ги по ваша желба...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани