Испечати

Кругови од јаболка во тесто за палачинки

Кругови од јаболка во тесто за палачинки

Состојки

  • тесто за палачинки
  • 0,5л млеко
  • 3 јаца
  • 2-3лажици масло
  • 200мл кисела вода
  • 400-450гр брашно/оваа каша за палачинки треба да биде погуста од обично/
  • неколку/2-3/ јаболка насечени на кругови ,
  • по потреба масло за пржење
  • по потреба чоколаден прелив за декорација

Подготовка

Од дадените состојки направете каша за палчинките и оставете ја да одстои околу 0,5 час . Ако сакате можете да доадете малку шеќер.
Јаболката излупете ги од лушпата, насечете ги на кругови и извадете ги средината со семките./тука има една мала ЦАКА како јаболкото да не потемни-оксидира, се премачкува со лимонов сок и тоа ќе си ја задржи својата боја, нема да потемни. Ова може да го искористите и за други насечени овошја кои ќе ги користите за овошните торти/.
Во длабок сад загрејте го маслото .
Во тестото за палачинки потопувајте ги круговите на јаболка и пропуштајте ги во врелото масло. Пржете ги се додека не добијат златно кафеавкаста боја од двете страни на јабокото.
Извадете ги на хартиена савета за да се впие високот на маснотија
Можете да ги посипете со ванилин шеќер по желба.
Ставете ги во плитка десертна чинија и прелијте ги со чиколадниот прелив притоа нашарајте ги по ваша желба...