Јајцата се матат со шеќерот. Се додава маслото, па млекото, активираниот квасец и се додава брашното. Се замесува средно меко тесто, убаво се изработува.
Се остава на топло, убаво да го дуплира волуменот.
Потоа на набрашнета подлога, без да се премесува, се истура тестото и прво со раце, нежно притискајќи, а потоа со оклагија отвораме кора. Дебелината на кората околу 2 цм..
Се сечат форми со калап или чаша со пооштри ивици, која претходно ја валкаме во брашно.Од остатокот од тестото уште еднаш се премесува и се вадат форми.
Оставаме на чаршав да покиснат 15-20 мин..
Се пржат во загреано масло на умерен оган од двете страни додека поруменат.
Се вадат на кујнска хартија да се впие вишокот на мрснотија.
Се послужуваат со или без шеќер во прав.
На здравје!
*За да го имаат белиот прстен се пржат во не многу масло, значи помала количина.
Ги плискам со лажица додека се пржат.
Во маслото ја ставам прво страната што лежеше на подлога.
Во тестото можи и рендана кора од лимон.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани