![Топла ракија](https://moirecepti.mk/content/uploads/2016/01/1-b35a7d-800x540.jpg)
Топла ракија
Јас како еден антипијач на алкохол, ќе го споделам овој мирисен, претежно утрински пијалок, кој зближува пријатели и семејства најчесто во зимските денови.
Секако мора да напоменам дека пијалоков НЕ е наменет за деца.
* Шеќерот се топи на среден оган во ѓезве мешајќи цело време со лажичка.
* Се внимава шеќерот да не прегори и штом ќе се стопи се става водата.
* По 2-3 секунди се става ракијата, а кога ќе проврие, ракијата е готова и се пие жешка.
Во мојот крај бидејќи се вари и пие јака бела ракија, затоа во подготовката на топлата ракија се става малку вода, а секако се подготвува и со сливова ракија која е послаба. Шеќер се става помалку или повеќе зависно колку сакате да ви е благичко.
Инаку морам да кажам дека овој специјалитет го прави мојава појака страна, а јас го злоупотребувам испивајќи едвај едно мало чаше.
Лиценца: Сите права се задржани