Испечати

Крофни со млеко и ракија

Крофни со млеко и ракија

Состојки

  • 250мл Млеко (млако)
  • 50мл Зејтин
  • 2 Јајца
  • 3г.л. Шеќер
  • прстофат Сол
  • 1паковка Ванилин шеќер
  • 1м.л. Ракија
  • околу 600гр Брашно
  • 1 коцка Свеж квасец
  • по потреба Прав шеќер

Подготовка

Убави, меки, мирисни, превкусни бабини крофни...само малку поинакви на изглед.

Подготовка

1. Го замесуваме тестото од сите наведени состојки, го покриваме да стаса, прво со стреч фолија, па го завиткуваме во некое чаршафче.
2. Доколку сакате, а не мора, можете претходно да го активирате квасецот со 1г.л. шеќер, 2г.л. брашно и околу 100мл млеко.
3. Откако ќе стаса тестото, го расукуваме на набрашнета работна маса и со калапчиња или со помош на чаша вадиме форми, или по ваша желба оформете ги на некој од начините претставени во мојот рецепт или на ваш начин.
4. Оформените крофни ги покриваме со крпа и ги оставаме околу 10-на минутки да стасаат.
5. Ги пржиме во загреан зејтин.
6. Ги вадиме врз салфета, за да се впие вишокот на мрснотија.
7. Одозгора наросуваме прав шеќер.

Забелешка
Доколку правите некои од формите, ставете ги да се пржат заедно со мрсната хартијата за печење и потоа со помош на некоја штипалка извадете ја хартијата.
Во секој случај, каква и да е формата нема да погрешите...вкусот е најбитен, крофните се превкусни.