
12
мај
2014
Крофни од тиквичка
Многу брза, а вкусна закусна комбинирана со сиренце и луто пиперче, па може да биде и комплетен оброк.
Најпрво се ренда тиквето на крупната страна од рендето. Не се цеди од водата.
Се додаваат јајцето, брашното, пецивото, ракијата и зачини по ваш избор.
Убаво се промешува смесата да се соедини.
Се става маслото да се загрее и со лажичка се ставаат крофнички да се пржат. Се пржат по на тивко.
Кога ќе заруменат од 2 страни се редат на хартија да ја впие маснотијата.
Лиценца: Сите права се задржани