Испечати

Крофни од тиквичка

Крофни од тиквичка

Состојки

  • 1 средна тиквичка
  • 1 јајце
  • 1 пециво
  • 5-6 лажици брашно
  • 1/2 лажиче ракија
  • сол, бибер, зачин, магдонос, сусам, лен, семе од коприва
  • 250 мл масло за пржење

Подготовка

Многу брза, а вкусна закусна комбинирана со сиренце и луто пиперче, па може да биде и комплетен оброк.

Најпрво се ренда тиквето на крупната страна од рендето. Не се цеди од водата.
Се додаваат јајцето, брашното, пецивото, ракијата и зачини по ваш избор.
Убаво се промешува смесата да се соедини.
Се става маслото да се загрее и со лажичка се ставаат крофнички да се пржат. Се пржат по на тивко.
Кога ќе заруменат од 2 страни се редат на хартија да ја впие маснотијата.