Крофнички со банана и фростинг од путер од кикиритки
Јајцето со шеќерот и ванилиниот мешајте или миксирајте ги додека се стопи шеќерот.
Додајте ја пасираната банана, солта и циметот, измешајте, па пецивото и потоа брашното.
Откако смесата ќе се соедини на крај додадете го маслото. Смесата треба да е густа, но секако треба да лизга од лажицата кога ги полните калапите.
Путерот од кикиритки измешајте со со шеќерот, па додадете го млекото.
Ако ви е прегуст путерот додадете уште една, максимум две, но внимавајте да не остани покасно недоздрвена смесата дури и под посипот.
Треба да се добие мазна, но сепак густа смеса која со помош на ноже ќе ја премачкате врз крофничките, а врз неа ќе посипите рендано/сечкано чоколадо или чоколадни трошки обилно. Јас малку ги поделив, па дел посипав и со шарени шеќерни трошки.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови