Колку е само сочен овај колач ммммм банана и путер од кикиритки полн погодок!
Се пасираат убаво бананите, во нив се додава путерот од кикиритки, оладениот растопен путер, киселата павлака, јајцата, шеќерот и ванилата и се мати со миксер убаво. Откако убаво ќе се измати се додава брашното, сода бикарбона и прашакот за пециво. Одозгора се додава сецканото чоколадо. Се става во правоаголен намрсен калап (еден поголем или 2 помали) и се пече во загреана рерна на 165 степени околу 50мин

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови