Испечати

Колач од банана и путер од кикиритки

Колач од банана и путер од кикиритки

Состојки

  • 4 јајца
  • 125гр растопен путер
  • 2 чаши шеќер
  • пола чаша путер од кикиритки
  • 5 зрели банани
  • 3 лажици кисела павлака
  • 1 ванила
  • 1 пециво
  • малку сода бикарбона
  • малку сол
  • 4 чаши брашно
  • 100гр крупно сецкано чоколадо
  • чашата е од 240мл

Подготовка

Колку е само сочен овај колач ммммм банана и путер од кикиритки полн погодок!
Се пасираат убаво бананите, во нив се додава путерот од кикиритки, оладениот растопен путер, киселата павлака, јајцата, шеќерот и ванилата и се мати со миксер убаво. Откако убаво ќе се измати се додава брашното, сода бикарбона и прашакот за пециво. Одозгора се додава сецканото чоколадо. Се става во правоаголен намрсен калап (еден поголем или 2 помали) и се пече во загреана рерна на 165 степени околу 50мин