10
јан
2022
Кростини на мој начин
Подготовка:
1. Прво багет лебот го сечиме на парчиња, на косо. Од двете страни го премачкуваме тeнко со путер.
Така подготвени ги ставаме во рерна на десетина минути, благо да заруменат. Јас ги печев на 2 пати во Апарат за готвење со топол воздух.
2. Ги премачкуваме со киселата павлака. Расфрламе коцкички запржен свински чаден бут, па тостирани семки, зрна калинка, рендан кашкавал, рузмарин. Послужуваме веднаш
Лиценца: Сите права се задржани