Испечати

Кростини на мој начин

Кростини на мој начин

Состојки

  • 1/2 багет леб
  • 50гр путер
  • 100 до 130 гр кисела павлака, кај мене беше лута, во која стоеа кисели пиперки
  • 100гр чаден, свински бут
  • 30гр тостирани семки од сончоглед
  • 30гр зрна од калинка
  • околу 50гр рендан, мешан кашкавал
  • Рузмарин за декорација

Подготовка

Подготовка:

1. Прво багет лебот го сечиме на парчиња, на косо. Од двете страни го премачкуваме тeнко со путер.
Така подготвени ги ставаме во рерна на десетина минути, благо да заруменат. Јас ги печев на 2 пати во Апарат за готвење со топол воздух.
2. Ги премачкуваме со киселата павлака. Расфрламе коцкички запржен свински чаден бут, па тостирани семки, зрна калинка, рендан кашкавал, рузмарин. Послужуваме веднаш