Крокети од свежи шампињони
Шампињоните изрендајте ги на крупната страна од рендето и ставете ги во тава за пржење. Пржете додека течноста испари, потоа додајте малку масло за јадење и пржете ги уште 5 минути.
Испржените шампињони исцедете ги преку цедалка и префрлете ги во подлабок сад.
Шунката исецкајте ја на ситни коцки и додајте ја во садот со печурки.
Потоа во садот додајте ги варените рендани компири, ренданиот кашкавал, јајцето, сецканиот магдонос, доматниот сос и лебните трошки.
Наросете црн бибер и мешан сув зачин и убаво со мешање соединете ја смесата.
Со раце оформете крокети, свалкајте ги во лебни трошки и пржете ги во загреано масло.
Исржените крокети извадете ги на кујнска хартија да се впие вишокот мрснотија и послужете ги топли, но и ладни се подеднакво вкусни.
Лиценца: Сите права се задржани
Super recept. :)
ЈАВИ СЕ КЛАРА (вика како на стадион) :) :) :) :)