Подготовка:

1. Во сад за месење ставете ги стопленото млеко, прстофат шеќер и сронетиот квасец. Измешајте додека квасецот се растопи. Додајте го јајцето, маслото и шеќерот. Измешајте убаво. Постепено додавајте го брашното и замесете меко нелепливо тесто. Покријте го садот со најлонска фолија и оставете на топло да стасува 2 часа.

2. Стасаното тесто поделете го на 10 топчиња. Расукајте едно топче во мала кора. Премачкајте ја кората со растопен путер. Расукајте уште една кора и ставете ја врз претходната. Премачкајте со путер и повторете го истото со сите топчиња. Последната кора не се премачкува со путер.

3. Од наредените кори расукајте голема тенка кора. Расечете ја на 8 дела. На секој дел нанесете од мармаладот и завиткајте ги кифлите. Наредете ги на плех, обложен со хартија и оставете да стасуваат 20 минути. Пред печење премачкајте ги убаво со разматената жолчка и млеко.

4. Печете на 200 степени, околу 25 минути. Бидејќи се премачкуваат со жолчка, многу брзо добиваат темна боја, затоа на половина од печењето(или зависно од рерната) покријте ги со алуминиумска фолија. Испечените кроасан кифли посипете ги со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани