Кроасани со нутела
Го ставаме квасецот во пола шоља топло млеко, со лажица брашно и шеќер и чекаме да надојди. Од брашното, солта, квасецот и другите состојки замсуваме тесто, средно меко да биди замесено.
Од тестото правиме 16 топчиња, од кое секое го развлекуваме со сукалка , ја премачкуваме со маргарин и редиме по осум кори една над друга последната не ја премачкуваме. Така ке добиеме на две места по осум кори. Ги покриваме со крпа да одморат околу 15 до 20 минути. Потоа од едното купче со кори развлекуваме една голема кора, ја делиме најпрво на четири дела, а после и секој дел на пет шест помали. На секој триаголник ставаме лаж. нутела и завиткуваме во кифличка. Ги ставме во ( претходно намачкан со масло )плех.Оставаме да одморат уште еден сат пред печење, покриени со платнена крпа.
Потоа ги премачкуваме со јајце и откако се готови и малку да подоладат се става шеќер во прав одозгора.
Преубави, се топат во уста, лиснати, ви ги препорачувам да ги пробате.
Добар апетит !!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови