28
јан
2016
Крем од јаболка
Се лупат јаболката и се сецкаат на парчиња. Се ставаат на оган заедно со путерот, медот и ванилата се покриваат со капак и се оставаат на среден оган да се динстаат. Откако ќе омекнат се оставаат да се изладат. Се ставаат во блендер и заедно со јогуртот се блендираат додека не се добие мазна смеса. Се декорираат со суво грозје и цимет.
Брзо,вкусно и освежително
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
јас не би го ставила медот да се вари, би го додала после со јогуртот во блендер. имаме јаболка уште 10кг, ќе гледам да го направам наскоро. супер е :)