Крем од јаболка
Состојки
- 1 кг јаболка
- 1 чаша јогурт
- 3-4 лажици мед(или по вкус)
- 50гр путер
- 1 ванила
Подготовка
Се лупат јаболката и се сецкаат на парчиња. Се ставаат на оган заедно со путерот, медот и ванилата се покриваат со капак и се оставаат на среден оган да се динстаат. Откако ќе омекнат се оставаат да се изладат. Се ставаат во блендер и заедно со јогуртот се блендираат додека не се добие мазна смеса. Се декорираат со суво грозје и цимет.
Брзо,вкусно и освежително