Некогаш за посебни прилики ги подготвувам овие кременадли со додаток по сопствен избор или самостојно. Кременадлите ги чистиме од коската така да остане само чисто месо, се солат и се става црн пипер. На страна претходно се подготвуваат состојките за сос, така што кромидот се сечка, се сечка и морковот и лукот. Во тавче со врело масло се ставаат да се пропржат кременадлите да заруменат од двете страни. Потоа се ставаат настана во сад и во таа маснотија се додава кромидот,лукот и морковот да се запржи кратко само да добие стаклеста боја, се ставаат и печурките и сланината(во случајот кај мене моментално немав сланина ставив парчиња чајна). Се меша се и врз нив најгоре во тавчето се редат пропржените кременадли,се сипа виното и се поклопува со капак одгоре,крчка некое време додека не испари виното. За тоа време се сечат парчиња фолија која треба да е од прилика двојно поголема од големината на секоја кременадла,така според бројот на кременадли и толку парчиња фолија ке бидат потребни.Над секое парче од фолијата се става по едно парче кременадла,над неа од подготвениот сос од тавчето,над сосот парче кашкавал,најгоре по мој избор ги ставам печурките(поинтересен ми е пресекот кога се готови) на сам врв по едно мало лажиче павлака. Секој раб од фолијата се завиткува нагоре како кесичка и се редат во сад во кој ке се печат во рерна загреана на 200 уште 30 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови