Кременадли во сос од пиво
Ова е јадење кое го правам во зима, некако само тогаш ми оди. Многу лесно се подготвува, па е згодно кога немате многу време да стоите до шпорет.
На кременадлите извадете им ја коската и зависно од големината пресечете ги на 2 или 3 дела. Посолете и побиберете по вкус.
Во поголема тава со капак загрејте го маслото и на висока температура запржете ги кременадлите од двете страни да поруменат.
Тргнете ги на страна во еден сад, па во тавата истурете го пивото. Со темно пиво има најбогат вкус, ама и со светло е убаво.Нека провари додека да се растопи карамелизираниот слој што се нафатил на дното на тавата. Тоа трае кратко, минута две со повремено промешување. Додајте го и Барбекју сосот, измешајте да се соедини со пивото. Вратете го месото во тавата.
Кромидот исечете го на многу тенки ребра, наредете ги врз месото.
Затворете ја тавата со капакот и на многу тивко оставете го јадењето да се готви некаде околу 2 часа. За тоа време сосот ке се згусти, а месото ке биде многу меко. Ако сосот не е доволно густ згустете го со 1 лажичка пченкарно брашно. Дотерајте го вкусот и послужете го жешко со компир пире, палента или паста
Лиценца: Сите права се задржани
A toa na slikata od dunji e... Ke napisam recept.... I toa e ubavo...
Lili, izgleda brojot ke bide pogolem za 22... ke idele i nekoi juzni komsivki :)
колку комшии викна на гости? :) :) :) :)