Кремаст ролат со фил од костени и ореви
1. Се делат белките од жолчките. Се матат белките со шеќерот во цврст снег и на крај се додаваат жолчките една по една. Се додава маслото и на крај брашното и пецивото. Се става во тавче обложено со мрсна хартија и се пече во загреана рерна на 200 степени околу 12мин.
2. Фил 1- Се мати омекнатиот путер со шеќерот во прав додека не се запени. Се додава пирето од костени и мелените ореви. Се додава слатката павлака и се мати додека не се добие убав густ крем.
3. Фил 2- Се топи чоколадото и се остава да се излади. Се мати крем сирењето и се додава стопеното чоколадо(по вкус се додава шеќер во прав).
4. Испеченото тесто се витка во кујнска крпа и се остава да се излади. Тестото се филува прво со филот од костени па со чоколадниот фил. Се витка, се украсува со шлаг или чоколадо и се остава убаво да се стегне неколку часа.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови