Кремаст ролат со лиснато тесто
Во мојата кујна поминале рецепти и рецепти. Но овој рецепт искрено ме остави без збор. Се подготвува брзо и се јаде брзо ))))
Прво го спремив кремот да може да се лади додека ги правев останатите подготовки.
1. Во еден сад ги промешав јајце,ванила и шеќер. Додадов млеко,па постепено доставав од брашното.
Го изматив убаво со маталка да нема грутчиња, па го ставив да се згусне на оган, со постојано мешање.
Му додадов и путер и мешав додека не се соедини смесата. Густата смеса, ја префрлив во стаклен сад, па го покрив со најлонска фолија, да не фати кора додека истинува.
2. Следно продолжив со спремање на лиснатото тесто. Кората ја ставив на работната маса, па ја исеков на тенки ленти по должина. Ги ставив на хартија за печење и ги испеков. За се што пишувам ќе ставам дополнителни слики, да ви е појасна постапката. Готовите лиснати стапчиња ги чекам да изладат.
Кога кремот е ладен ја тргаме најлонската фолија.
3. Во друг сад мешаме пакување шлаг крем со млеко. Штом згусне, додаваме полека по една лажица од изладениот крем. Приготвив преубав крем.
4. На работната маса постиламе една хартија за печење. Со шпатула ја премачкуваме со кремот, толку колку што се долги лиснатите стапчиња. Врз кремот редиме стапчиња. Јас наредив 6, па повторно врз нив премачкав крем. Па потоа наредив 5, па повторно крем и се така до горе, додека не ги потрошив стапчињата и кремот.
5. Премачкајте и од страните, па полека со хартијата завиткајте во ролат. Стегнете ги страните и подвиткајте ги како бонбонче. Да не истече кремот. Ставете во ладилник најмалку 6 саати.
6. Во касерола ставете ги листовите бадеми и пушете ги малку да се запечат со благо промешување.
Извадете го ролатот од ладилникот и полека извадете ја хартијата. Со помош на дланките нанесувајте од печените листови бадеми, насекаде по површината на ролатот, а потоа и од страните. Повторно вратете назад во ладилникот. Вадете пред служење, за да може да сечете убави рамни парчиња.
Ова е преубав леден десерт.Пробајте и пишете ми за вкусот.
Среќни празници.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови