25
сеп
2015
Брз ролат со чоколадо и лиснато тесто
Брз ролат супер за ненајавени гости. Го најдов на интернет, ми изгледаше интересен и решив да го направам. Се прави од само 3 состојки, лиснато тесто, чоколадо и жолчка.
Се сучи лиснатото тесто послабо, во средината се става чоколадото, на краевите се засекува и наизменично се покрива чоколадото. Се затвора убаво на краевите, се премачкува со изматена жолчка, се наросува шеќер и ситни парчиња лиснато тесто. Се печи на 200 степени околу 25мин
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Ова е само за мојата поголема ќерка.
Таа незнае колку чоколади може да изеде :)