Испечати

Брз ролат со чоколадо и лиснато тесто

Брз ролат со чоколадо и лиснато тесто

Состојки

  • 250гр лиснато тесто
  • 100гр млечно чоколадо
  • 1 жолчка

Подготовка

Брз ролат супер за ненајавени гости. Го најдов на интернет, ми изгледаше интересен и решив да го направам. Се прави од само 3 состојки, лиснато тесто, чоколадо и жолчка.

Се сучи лиснатото тесто послабо, во средината се става чоколадото, на краевите се засекува и наизменично се покрива чоколадото. Се затвора убаво на краевите, се премачкува со изматена жолчка, се наросува шеќер и ситни парчиња лиснато тесто. Се печи на 200 степени околу 25мин