Брз десерт со јагода
Ова е неверојатно вкусен десерт кој околу работ направен е да изгледа елегантно и свежо за да го привлече вашето внимание :D :D
Во еден сад ставте ги јајцата и додајте го шеќерот. Матете со миксер додека да ја добитете потребната цврстина. Потоа дојдате го млекото и маслото и повторно матете. На крај додајте ги прашокот за пециво и брашното и промешајте. Смесата истурете ја во калап бр. 32 претходно намрсен со масло и посипен со брашно. Печете на 200С додека да добите златна боја. Откако ќе се испече оставте го да се олади.
Јагодите исецкајте ги на ленти, а пандишпанот исечете го со чаша или некој друг предмет кој ќе ви одговара со калапите во кој ќе ги правите десертите.
Во друг сад на оган ставте го млекото и шеќерот да почнат да вријат. Откако ќе почне да врие додајте го пудингот ванила претходно промешан со 100 мл од млекото. Мешајте додека да ја добие потребната цврстина.
Во калапите по краевите ставте ги лентите јагоди, па откако ќе ги ставите ставете во сите по едно парче пандишпан. Јас ги правев во кружна форма така да пандишпанот го исеков на 12 дела со чаша, а од овој рецепт излегуваат 6 десерти.
Над пандишпанот ставтете по 3 лажици од пудингот, ставте од јагодите кој претходно сте ги исецкале на коцки па повторно над јагодите уште 3 лажици од пудингот и на крај ставте го вториот пандишпан. Десертите се подготвуваат уште додека е врел пудингот.
Десертите ставте ги во замрзнувач час и половина да се стегнат може да се остават и во поладна просторија додека да стегнат, но ќе ви одземаат повеќе време. Откако ќе се стегнат превртете ги наопаку на чинија за сервирање.
Во сад на оган ставте ја водата и шеќерот да почнат да вријат, а нишестето промешајте го со сокот. Откако ќе почне да врие водата додајте ја смесата од нишестето и сокот и мешајте непрекинато. Откако ќе ја добиете потребната цврстина уште додека е врела со лажица ставете на површината на десертите. Па на крај растопете го чоколадото на пареа и декорирајте по желба...Добар апетит...
Лиценца: Сите права се задржани