22
јул
2021
Кошнички со сладолед
Подготовка:
1. Се става вода во силиконските калапи и се заледуваат. Потоа чоколадата се топи на пареа и се макнуваат смрзнатите форми во чоколадото. Внимавајте веднаш се стврднува чоколадата и може со една мраз форма, да се направат повеќе кошнички.
2. Во нив се става по една топка сладолед и ганаш, од стопено чоколадо и загреана хопла. Одозгора се става по една грисина и горен шеќер .
Направив и со звезди, но веднаш се изедоа, не стасаа до сликање.
На здравје.
Лиценца: Сите права се задржани