Коцки мачмалоу
Се одделуваат белките од жолчките. Се матат жолчките и се додава (лажица по лажица) 8 лаж врела вода потоа се додава шеќер, зејтин, млеко, брашно, какао и пецивото ( состојките исто се ставаат лажица по лажица) смесата се става во тавче бр 40 и се пече на 200с.
Во меѓувреме се матат белките со 8 лаж врела вода (лажица по лажица) и 12 лажици шеќер. Кога ке биде готово тестото се премачкува со мармалад и се прелева со белата смеса и пак се става во рерна да се пече се додека белата смеса не фати кора. Откако ќе фати кора се исклучува рерната и се остава 5 до 10 мин во исклучена рерна. Се сече на коцки и се попрскува со чоколадо. Уживајте !!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Јасна, да те прашам, нема да се згрутчат жолчките ако се стави врела вода?
Благодарам :)