Корита (полнети тиквички)
Оризот се става малку да се подвари. За тоа време, ги сечиме тиквичките на 4 дела (еднаш хоризонтално и еднаш вертикално). Средината со помош на лажичка ја длабиме за да се добие лик како корито.
Во тава на малку масло кратко време се пропржуваат ситно исецканите лук и кромид, па меленото месо и ренданиот морков. Кога месото ќе ја мени бојата го додаваме и доматниот сос и пржиме додека не се згусти. На крај, се посолува, се додаваат зачините и ренданиот кашкавал и ситно сецкан магдонос.
Со оваа смеса ги полниме тиквичките и ги редиме во огноотпорен сад, предходно намачкан со маргарин. Печиме на 220 степени со фолија одозгора околу 20 мин.
Во меѓувреме се подготвува преливот. Павлаката и млекото или киселото млеко заедно со јајцето се матат со помош на вилушка. Од оваа смеса со помош на лажица нанесуваме над секоја тиквичка и најгоре рендаме кашкавал. Враќаме во рерна и непокриено печиме уште 5 минути.
Напомена
Доколку не сакате да ставите ориз, тогаш додадете ги иструганите внатрешности од тиквичките, или пак ако одите по рецептот, тие делови искористете ги така што ќе ги распоредите помегу тиквичките.
Место тиквички можите да употребите модри патлиџани. Со нив јадењето е исто така убаво.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани
Mi se bendisuva lesno rucece...... i lebceto go zdemnav i toa so tikvicki :))))))
Клара, одлични се, само ти фалевме јас и Лудо... па да видиш како пред очи ти ги снемува....Поздрав!
Маја, јас сум си сезонец и во готвење и во варијации од една работа :Р... Т.е. вистината е што тиквичките ми ги тупосаа муфте, па ај реков таман за Екипа тикварки еден предлог. А лепчето беше експериментално, но се покажа како оправдувачко. Изгледа ќе се репризира пак. Ова беше последното парче, таман за имењачкото јадење ;)
Лиле, јас сум поголема Тикварка, ама со оргинал тиква хаха не со овие зелените, малите. Ама дружејќи се со вас, се бива... еве полека полека заТикварувам и на овие :))) А ако дојдевте со Лудо ќе ги мафневме на „екс„ :)))
А Лиле ја нема, за да не и бараш од тие полнетите мафини хехе.. се има скриено и јади сега ;)
јас, ти и камшикот за да ги држиме на дистанца ако пробаат да се доближат :) :) :) :)