Корита (полнети тиквички)
Состојки
- 3 тиквички
- 1 гл. кромид
- 2 чешниња лук
- 500 гр мелено месо
- 1 морков
- 30 мл доматен сос
- 1 мал фил. ориз
- малку магдонос, сол и зачини (бибер, вегета, оригано и лажичка црвена пипер)
- 100 гр кашкавал
- за прелив
- 250 мл павлака+3 лаж. млеко (или кисело млеко без тие 3 лаж. млеко)
- 1-2 јајца
- 100 гр кашкавал
Подготовка
Оризот се става малку да се подвари. За тоа време, ги сечиме тиквичките на 4 дела (еднаш хоризонтално и еднаш вертикално). Средината со помош на лажичка ја длабиме за да се добие лик како корито.
Во тава на малку масло кратко време се пропржуваат ситно исецканите лук и кромид, па меленото месо и ренданиот морков. Кога месото ќе ја мени бојата го додаваме и доматниот сос и пржиме додека не се згусти. На крај, се посолува, се додаваат зачините и ренданиот кашкавал и ситно сецкан магдонос.
Со оваа смеса ги полниме тиквичките и ги редиме во огноотпорен сад, предходно намачкан со маргарин. Печиме на 220 степени со фолија одозгора околу 20 мин.
Во меѓувреме се подготвува преливот. Павлаката и млекото или киселото млеко заедно со јајцето се матат со помош на вилушка. Од оваа смеса со помош на лажица нанесуваме над секоја тиквичка и најгоре рендаме кашкавал. Враќаме во рерна и непокриено печиме уште 5 минути.
Напомена
Доколку не сакате да ставите ориз, тогаш додадете ги иструганите внатрешности од тиквичките, или пак ако одите по рецептот, тие делови искористете ги така што ќе ги распоредите помегу тиквичките.
Место тиквички можите да употребите модри патлиџани. Со нив јадењето е исто така убаво.
Добар апетит!