Подготовка

1. Ставете ги шеќерот и водата да зовријат и потоа на средна температура оставете ги да вријат 3 минути. Додадете го маргаринот и измешајте да се стопи, па оставете да излади до млако.

2. Потоа додајте ги мелените кикиритки и бисквити. Во зависност од тоа колку ви испарила течноста бисквитите додавајте ги на крај додека се засити смесата.

3. Правете бомбици, на кои прво ќе направите со прстот една длабина во средината и потоа благо сплескајте ги целосно одозгора.

4. Стопете го чоколадото. Можите чисто само тоа или со двата или дел од додатоците кои се впишани во состојките.

5. Ставајте по едно лажиче во средината на секое колаче и веднаш потоа по две кикиритки во средината. Оставете ги на ладно или во фрижидер да се здрват.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови