
16
окт
2019
Компир ролни со кашкавал и сланина
Водата ставете ја да проврие, додадете сол и путер.
Откога ќе почне да врие додадете го компирот од кесичка и сварете го пирето, а потоа оставете го 15 минути да се излади.
Додека се лади пирето сланината исецкајте ја на ситни коцки и додадете ја во пирето, а потоа и магдоносот.
Смесата поделете ја на 10 дела во секој дел ставете парче кашкавал и формирајте ролна.
Секоја ролна се валка прво во брашно, потоа во јајце и на крај во презла.
Се пржат на загреано масло додека добијат убава боја.
На здравје !!!