18
сеп
2016
Компир пита со мелено месо и кашкавал
Подготовка:
Компирот го вариме, и оставаме да се олади. Потоа во садот ги додаваме пополека сите состојки за тестото. Замесуваме средно меко тесто. Оставаме да нарасне околу 30 минути. За тоа време го спремаме филот. Во еден сад ставаме масло,го пропржуваме кромидот и мелено месо. Во една чашка раствараме доматно пире и го додаваме на месото. Динстаме додека не испари водата. Зачинуваме. Тестото го расукуваме во форма на тавата, врз него ставаме мелено месо и рендан кашкавал. Печеме во загреана рерна на 200 степени 25 минути. декорираме со кисела павлака.