Испечати

Компир пита со мелено месо и кашкавал

Компир пита со мелено месо и кашкавал

Состојки

  • За тесто
  • 1 свеж квасец
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 лажичка шеќер
  • 1 јајце
  • 200 гр варени компири
  • 220 гр брашно тип 400
  • 100 мл топло млеко
  • За фил
  • 250 гр мешано мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 1-2 лажици доматно пире
  • 100 мл вода
  • 150 гр рендан кашкавал
  • Зачини по избор
  • Кисела павлака за декорација

Подготовка

Подготовка:
Компирот го вариме, и оставаме да се олади. Потоа во садот ги додаваме пополека сите состојки за тестото. Замесуваме средно меко тесто. Оставаме да нарасне околу 30 минути. За тоа време го спремаме филот. Во еден сад ставаме масло,го пропржуваме кромидот и мелено месо. Во една чашка раствараме доматно пире и го додаваме на месото. Динстаме додека не испари водата. Зачинуваме. Тестото го расукуваме во форма на тавата, врз него ставаме мелено месо и рендан кашкавал. Печеме во загреана рерна на 200 степени 25 минути. декорираме со кисела павлака.