10
дек
2020
Комбинирана пица
Подготовка
Во длабок сад ставете ги брашното, шеќерот, солта, сувиот квасец. Промешајте.
додадете ја млаката вода и замесете меко тесто.
Оставете го тестото да се дуплира, околу 30 минути.
Во правоаголна тава, ставете го претходно расуканото тесто и дооформете ја пицата во тавата.
Врз тестото ставете доматно пире. Ставете на средина маслинки, така што ќе ја поделите пицата на два дела
На едната страна ставете кашкавал, шампињони, урда, авокадо и меко сирење, оригано и малку путер.
На другата страна ставете кашкавал, свински врат, тврдо сирење, оригано.
Печите на 220 степени околу 10 минути
Добар апетит
Лиценца: Сите права се задржани
а фоткава не треба хоризонтално да е поставена?
Благодарам Вале :)))