27
мар
2013
Колоритна салата со црвен грав
Марулата, руколата, брокулата и младите кромидчиња јас најпрво ги потопувам во сад со ладна вода и 1 лажица сода бикарбона за да се одстранат делумно пестицидите со кои се прскани. Да одстојат барем 10 минути. За тоа време исецкајте ги на тркалца маслинките и изрендајте ги морковите. Исечете ги марулата, боркулата, руколата и младите кромидчиња, потоа додадете ги пченката и гравот од конзерва (може и претходно сами да си сварите), додадете ги и сецканите маслинки и ренданиот морков. Посолете, додадете маслиново масло, балзамико и соја сос по желба убаво промешајте. Послужете како предјадење. Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
После салатата од бамји на Лили,а и оваа исто така,перцепцијата на терминот салата,мислам дека ми се измени од корен!