Колоритна летна чорба
Вкусна богата чорба.
Прво се замесуваат состојките за малите ќофтенца и се запржуваат на загреано масло.
Се оставаат на страна.
Сега во касерола се става маслиново масло, 1-2 лажици.
Зеленчукот се сецка на ситни коцки или оди во делимано сецкото (освен грашакот)
Сега на загреаното масло се става 1/2 главица кромид, малку се запржува, па се додава останатиот зеленчук.
Се пржи 1-2 минути.
Потоа се налива вода или може да се користи бујон по ваш вкус.
Нека зоврие, па се додаваат запржените ќофтенца, фидето и нека вари на тивко 7-8 минути.
Се додаваат сецканиот целер, магдонос, зачини по вкус и куркумата.
Нека се излади малку, па се додаваат изматеното јајце со јогурт и лимон во тенок млаз.
Се сервира и декорира со кисела павлака.
Уживајте во убавиот вкус.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови