12
јун
2016
Летна крем чорба
Во тенџере го налеваме маслото и го додаваме гризот. Нека се запржи една минута. Потоа ги додаваме сецканото тикве, морков, брокула. Пропржуваме една минута. Ја додаваме коцката за супа, бибер, сол и вариме на тивок оган околу 7-8 минути. Потоа со стапчест миксер ја пасираме супата. Густината одредетеја сами. Додаваме јогурт, промешуваме и сервираме.